Стимулирање на социо-емоционалниот развој: 0-3 месеци

„Вашето дете стекнува чувство на сигурност и доверба преку неговиот однос со вас. Блискоста што ја чувствувате, заедничкото време и интеракциите, ќе ви помогнат да го запознаете вашето бебе, неговата  состојба и потреби “.
Body

Важноста на близината

  • Бидете близу до бебето. Кога сте покрај бебето,  помагате да ве чувствува посилно и да ве открие со неговите  сетила. Потоа го гледа вашето  лице, го слуша вашиот глас, чувствува мириси и допири. Тоа  почнува да ве препознава и да ве бара. Бебето  се чувствува безбедно со вас.
  • Кога вашето бебе е будно, одморено и добро расположено, тоа  ќе има желба да ве гледа. Искористете го тоа време. Внимавајте на однесувањето и реакциите на бебето. Вашите насмевки ќе го насмеат вашето бебе. Движењето на усните и вашиот глас ќе го стимулираат бебето да ги движи усните и да произведува гласови. Вашите допири ќе го смират бебето кога е возбудено.

Важноста на интимноста

  • Обратете му се на бебето по име, разговарајте со него  и пејте. Помогнете му на вашето бебе да ја чувствува љубовта што ја чувствувате кон него преку вашите постапки. Бидете нежни.
  • Именувајте ги чувствата и намерите што ги гледате во постапките на вашето бебе. Бебешката насмевка што ја забележувате е секогаш насочена кон вас. Плачењето на бебето е повик до вас. Зборувајте за тоа што правите, покажете му на вашето бебе дека сте тука.
  • Понекогаш бебето нема да биде расположено за контакт, можеби ќе ја сврти главата од вас, на другата страна или ќе плаче. Не грижете  се, само му треба малку одмор. Почекајте и насмевката ќе дојде повторно.