Предлози за мени

Секое семејство има свои навики во исхраната, во согласност со традицијата, етничката и верската припадност. Еве неколку предлози за здрави оброци за вашите деца и други членови на семејството, од храна што е корисна и достапна; тие можат да ви помогнат да го збогатите семејното мени и да воведете некои новини, притоа имајќи го предвид семејниот буџет.
Body

Појадок

  • Леб и млечен намаз со сирење
  • Каша од пченкарно брашно со млеко
  • Овесна каша со малку капини, малини, боровинки, суво грозје
  • Пченкарен леб
  • Корнфлекс/мусли со млеко
  • Варени или печени јајца

Ручек:

  • Супа од зеленчук со јачмен, просо, коприва кога е во сезона
  • Леќа, грашок, грав со леб и салата од свеж зеленчук
  • Ролни од зелка/кисела зелка полнети со леќа или ориз
  • Салата од свеж зеленчук (зелка со морков и магдонос, цвекло, ротквица) со малку масло
  • Варено месо со зеленчук
  • Риба со варен зеленчук

Вечера:

  • Компир, зелка, спанаќ, пита со коприва
  • Пченкарен леб, палента со сирење
  • Печени или варени компири со сезонска салата од зеленчук
  • Пченкарен леб со спанаќ 
  • Чаша млеко, кисело млеко или јогурт

Закуска:

  • Свежо овошје или овошна салата
  • Домашни колачи, вклучувајќи ги и оние без јајца, со какао, џем, гриз или овошје
  • Варена пченица, мелена или интегрална, со малку мед
  • Домашен џем со леб
  • Сутлијаш, пудинг од гриз, инстант пудинг со малку свежо овошје
  • Компот
  • Овошен јогурт