Редовен превентивен педијатриски преглед: четврта година

Вашето дете учи брзо. Неговиот вокабулар постојано се зголемува, веројатно веќе кажува реченици од 4-5 зборови, учи песни напамет. Друштвото на врсниците е важно за него и тој започнува да игра групни игри (пр. криенка). Сака да измислува игри, и немојте да бидете изненадени ако детето има имагинарен пријател (имагинацијата може да направи чуда). Детето учи да ги следи правилата и со тоа развива самоконтрола. Свесно е за своите емоции, кои ги изразува интензивно, но и брзо го менува своето расположение. Станува сè поагилно и може да застане на една нога.
Body

Подготовки за посетата 

  • Проверете дали имате некоја нова медицинска документација за вашето дете и понесете ја со вас за да ве прегледа педијатарот.  
  • Секогаш носете играчка што вашето дете ја сака или книга за деца, така што тоа може даигра или чита додека чекате.   

Содржина на превентивната посета

Следење на растот

Со топол збор или два, медицинската сестра ќе го измери вашето дете во неговата долна облека и ќе ги запише телесната висина и тежина во картонот.

Вовед

Посетата на педијатарот секогаш започнува со соодветен разговор. Педијатарот ќе провери колку детето пораснало од претходната посета, како јаде, колку е физички активно, како спие, како сака да игра најмногу, дали има некои промени во семејната средина во меѓувреме, дали посетува градинка и сл.  

Преглед и проценка на развојот

  • Педијатарот ќе изврши редовно испитување на вашето дете, по редоследот со кој веќе сте запознаени. Ќе прегледа: кожа, глава, нос, уста, врат, јазли на вратот, потоа ќе ги слушне срцето и белите дробови, ќе го палпира стомакот, ќе го провери регионот на гениталиите доколку е потребно, ќе ја провери состојбата на скелетот, држење на телото. 
  • Научивте попрецизно да го следите развојот на вашето дете, па можете да ги споделите вашите забелешки за развојот и однесувањето на детето со педијатарот и да побарате совет доколку е потребно.   

Дополнителни прегледи

  • Бидејќи вашето дете веќе комуницира доволно добро, на оваа возраст може да се утврди неговата острина на видот, така што педијатарот ќе го упати на офталмолог. Исто така, ќе ве упати на логопед за да го провери развојот на говорот и, доколку е потребно, на физијатар за навремено откривање и решавање на најчестите проблеми со стапалата и 'рбетот поврзани со коските и зглобовите. Ќе ве потсети да посетите стоматолог. 
  • Доколку е потребно, педијатарот ќе го упати детето на други специјалисти (во одделот за развојно советување), во зависност од проценетата состојба. 
  • Ќе ве упати да направите комплетна крвна слика за вашето дете.   

Вакцинација

Нема предвидено вакцинирање на оваа возраст, но се проверува статусот на вакцинација на детето и, во случај да има некоја пропуштена вакцина, таа ќе се прими при оваа посета.

Конечно мислење

На крајот од прегледот, педијатарот ќе ве извести за неговите наоди од превентивниот преглед и ќе ги сумира следните чекори. Доколку има, ќе добиете печатени материјали за поддршка на понатамошниот развој на вашето дете. Педијатарот ќе ве информира за следната превентивна посета.

Превентивен преглед во четвртата година од животот е уште една можност подетално да се процени растот и развојот на вашето дете; ова е време кога сеуште е можно да се следат сите пропуштени одредници и да се поправи или олесни забележаното заостанување во развојот. Искористете ја оваа можност!