Типичен раст на детето: од 25 месеци натаму

Растот на детето во втората година од животот постепено се успорува и потоа  рамномерно  продолжува до пред пубертетот  
Body
  • Детето расте добро и напредува благодарение на: соодветна исхрана, добро здравје,  безбедна средина за игра и учење и родители кои ги исполнуваат неговите потреби на соодветен  начин.
  • Покрај исхраната и наследните фактори, хормоните на детето почнуваат да имаат посилно влијание врз растот.
  • Следењето на растот на малото дете вклучува одредување на параметрите на раст; телесна тежина и висина на телото, еднаш или двапати годишно и следење на нивниот напредок со  текот на времето.

Од 3-та година натаму

  • Растот на детето станува конзистентен, но промените во пропорциите се случуваат за време на растот. Новороденчето имаше релативно голема глава и кратки нозе и раце, додека сега растот на главата забавува а  телото расте, особено рацете и нозете.
  • Процентот на телесни масти исто така се намалува, што може да се забележи кај витки екстремитети и помалку заоблената глава.
  • Иако го следиме растот линеарно, тој сепак се состои од низа мали скокови. Децата добиваат малку тежина, а потоа почнуваат да растат во висина.
  • Сезонските варијации се исто така добро познати: децата растат побрзо во висина во пролет, додека тие добиваат поголема тежина на есен.
  • Од третата година наваму, па сè до пубертетот, растот е претежно постојан.
  • Во овој период, повеќето деца растат во  висина годишно од 5,0 -7,5 см и добиваат 2-3 кг.
  • Главата ќе порасне уште 3-4 см во следните десет години.
  • На оваа возраст, веќе постои статистички значајна позитивна корелација помеѓу висината на детето и просечната висина на родителите, односно може да се процени дали детето расте во согласност со неговиот генетски потенцијал. Потенцијалот за генетска висина („целна висина“) се проценува врз основа на пресметката на просечната висина на родителите според равенките различни за момчиња и девојчиња (метод на Танер)
    • Целна висина за момче (см) = (висина на татко + висина на мајка) / 2 + 6,5
    • Целна висина за девојче (см) = (висина на татко + висина на мајка) / 2 - 6,5

Нарушување на растот

Растот е сложен процес, предмет на влијание на бројни фактори, од кои некои можат влијаат и да ја нарушат утврдената шема на раст, како што се: несоодветна исхрана, хронични болести, ендокрини пореметувања, лекови, семејни проблеми итн. Затоа, редовното следење на растот на детето е можност да се открие нарушувањето и да се интервенира на време.   

На децата кои се родени предвреме или со мала телесна тежина / должина при раѓање, им треба посебно внимание затоа што, ако по две години не ја достигнат висината во согласност со висината на нивните родители или нивниот потенцијал за генетска висина, треба итно да се испитаат.
 

Родители, вашето дете очекува да му обезбедите соодветни услови за оптимален раст и развој.