Редовен здравствен преглед: на 5 месеци

Проверката на растот, развојот, здравјето на вашето дете и примање на потребните вакцини е здравствена мерка што треба да го зачува и поддржи неговиот напредок. Закажете состанок со педијатар!
Body

Вашето дете веројатно веќе започнало да се превртува од грб на стомак и обратно и да ги користи своите гласовни способности на различни начини во комуникацијата со вас (пискање, гугање, со менување на висината и јачината на гласот) 

Подготовка за посета 

  • донесете ја омилената играчка на вашето дете и список на прашања за лекарот. 

  

Содржина на превентивната посета 

  • Следење на растот:  Ќе се направат вообичаени мерења: телесна тежина, должина на телото и обем на главата. 

  • Воведно интервју и советување: Исхраната и напредокот во растот сè сеуште во фокусот на разговорот со лекарот. Препорачливо е да продолжите ексклузивно да го доите вашето бебе. Ќе ги оцените исхраната и напредокот заедно со лекарот врз основа на растот, развојот и однесувањето на вашето дете. 

  • Ќе се договорите кога и како ќе започнете со додавање на не-млечна исхрана, со која храна и во кое количество. 

  • Медицински преглед и проценка на развојот: Лекарот ќе изврши вообичаен преглед на детето: ќе провери како се држи кога е на грб; дали штотуку започнал да се врти од грб на стомак, како ја држи главата, телото, нозете во различни пози и кога седи, иако детето сè уште не седи независно. 

  • Тој ќе набљудува: како детето ја гледа својата мајка и познати луѓе и како го гледа лекарот како непозната личност, како игра со играчката и дали ја става во уста.  

  • За време на прегледот, можете да продолжите да зборувате за сите важни области на развојот на вашето дете. 

Вакцинација 

  • Вашиот лекар / медицинска сестра ќе проверат кои вакцини ги примило вашето дете досега и како реагирало на вакцините што ги примило при последната посета. 

  • Ако се е во ред, детето овој пат ќе добие две инјекции. Тоа се третата доза на комбинирана вакцина против дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа и хемофилус инфлуенца Б во горниот дел од ногата и трета доза на вакцина против болеста што ја предизвикува бактерјата Streptococcus pneumoniae во другата надколеница. 

  • Во текот на првите денови по вакцинирањето, кај некои деца, може да се појави лесна треска, нервоза и плачење како реакција по вакцинацијата, во тој случај, може да се даде сируп со парацетамол во доза пропишана од педијатар за ублажување на непријатноста од зголемената температура. 

Конечно мислење 

  • на крајот, лекарот обично дава уште неколку усни препораки и, ако има, и некој печатен материјал. Тој ќе ви го каже и времето на следната посета. 

За време на редовната здравствена контрола, вашето дете ќе ја добие потребната поддршка за успешен напредок. Не ја пропуштајте оваа можност!