Вообичаено однесување на претшколска возраст (3 - 6 години): што да очекувате?

Децата постари од три години се веќе искусни истражувачи на светот околу нив. Тие се многу љубопитни и често поставуваат низа прашања. Исто така, тие сега можат да бидат многу фокусирани на работи кои им го привлекуваат вниманието: на пример, следење на редица мравки кои се движат по дрво покрај патот по кој поминувате.
Body

Многу е важно да им дадете доволно време: одете на прошетка или тргнете рано кон посакуванатра дестинација, за да му овозможите на детето да открива непрестано. Покрај тоа, вообичаено е детето на оваа возраст да покажува поголема независност и во однесувањето и во донесувањето одлуки. Навистина им е потребна вашата поддршка, како и можности да ги прават работите самостојно или да донесуваат одлуки за работи кои им се важни (на пр. што да му подарат на другарче за роденден, што да облечат за во градинка, каде да одат на прошетка попладне, итн.). И вашата поддршка и овие можности го градат чувството на самодоверба кај детето, па со позитивно внимание, пофалби и чувството на сигурност со вас - стануваат одлични можности за вежбање вештини и истражување на нови.

На оваа возраст, играта е многу богата и имагинативна. Додека игра, детето вешто истражува и ги доживува ситуациите со кои се среќава секој ден, им припишува човечко однесување на животните и куклите, анализира различни односи и однесувања и донесува заклучоци за тоа во играта - испробува разни последици, предизвикува чувства и слично. .

На оваа возраст, децата продолжуваат да учат многу брзо. Има многу стимулативни можности за учење за време на вообичаените домашни рутини (на пример при подготвување оброци, шопинг, планирање на слободното време, посети и дружење, местење трпеза...); тие се потпираат на учеството и позитивното внимание на детето - вештините на родителите да го поддржат и прошират искуството на детето, да го фалат ангажманот на детето, љубопитноста, умешноста...

Децата на оваа возраст доживуваат многу позитивни ефекти од заедничките активности со врсниците. Играњето со врсниците, особено во мешани групи (групи од различни возрасти), нуди бројни можности за истражување и учење за себе и за светот, особено за меѓучовечките односи. Поради оваа причина, важно е децата да започнат да одатр во градинка на оваа возраст. Кога вашето дете ќе почне да оди во градинка, имајте на ум дека ќе му треба вашата поддршка за да ја разбере и прифати неговата нова улога, новите рутини, да ги запознае возрасните и врсниците околу него и да прави секојдневни премини од „ реалноста во градинка“ до домашната реалност и рутини.

Емоциите на вашето дете се многу силни на оваа возраст, тие брзо се менуваат и детето сè уште учи да ги разбира и управува со нив. Оттука, сè уште може да биде голем предизвик за детето да го регулира своето однесување во предизвикувачки ситуации - кога има извор на фрустрација, страв или гнев. Можете да му помогнете во оваа голема и важна задача со отворено зборување за чувствата: изразување и именување на вашите различни чувства, како и нудење на детето име за неговите или чувствата на врсниците.