Односи со деца од предучилишна возраст: идеи и совети
За односите со деца од предучилишна возраст
Топлите односи се многу важни за благосостојбата на вашето дете.
Кога имате ваков однос со вашето дете од предучилишна возраст, тоа се чувствува сигурно и безбедно. Чувството на сигурност му дава удобност на дете од предучилишна возраст за време на криза, како оваа глобална пандемија и ја гради неговата доверба да го истражува светот и да учи. И додека детето од предучилишна возраст го истражува светот, тоа учи како да размислува, да разбира, да комуницира, да се однесува, да покажува емоции и да развива социјални вештини.
Вашиот однос со дете од предучилишна возраст: што да очекувате
На оваа возраст, се развиваат говорот, вештините за решавање проблеми и социјалните вештини. Вашиот однос може да се промени како резултат.
Како што се развива способноста на вашето дете да го користи и разбира јазикот, ќе започнете да водите подолги разговори. Овие разговори ви даваат шанса навистина да ги слушате мислите и чувствата на детето и тоа е одлично за односот со него.
Можеби ќе откриете дека вашето дете од предучилишна возраст има многу прашања „што“, „зошто“, „каде“, „кој“ и „како“ за светот околу него. Тоа исто така може да разбере посложени објаснувања.
Децата од предучилишна возраст се подобри во разбирање и користење зборови за да изразат емоции како „среќни“, „тажни“, „лути“ или „изненадени“. Тие че почнат да разбираат дека и другите луѓе ги имаат овие чувства. Овие развојни емоционални вештини се добри за нивните односи со вас и другите луѓе, сега и во иднина.
Градење силна врска со вашето дете од предучилишна возраст: совети
- Покажете дека слушате кога детето зборува. Престанете со она што го правите, остварувајте контакт со очите, обрнете внимание на говорот на телото на вашето дете и користете фрази како 'Навистина?', 'Продолжи' или 'И тогаш што се случи?'
- Дајте му на вашето дете многу позитивно внимание. Ова може да значи да одвоите време да ги правите омилените активности заедно - на пример, сложувалки или Лего. Дури и да се придружите накратко, тоа му дава до знаење дека сте заинтересирани за она што го прави и дека ви се допаѓа да поминувате време со него.
- Обидете се да бидете трпеливи со прашањата на вашето дете од предучилишна возраст и поттикнете ги неговите интереси. Ако ви постави прашање на кое не го знаете одговорот, можете да го побарате заедно на Интернет или да прашате пријател или член на семејството.
- Ако вашето дете прашува за тешки теми, одговорете на едноставен јазик и кратки реченици што детето може да ги разбере - на пример, „Да, тешко е да не си играте со друарчињата заради Ковид -19. Причината е тоа што сакаме да ги одржиме сите здрави и безбедни. Ајде да размислиме како можеш да разговараш на телефон со Давид за новата играчка “.
- Играјте игри заедно како „Не лути се човече“ или едноставни игри со карти. Ваквите игри со пресврт му помагаат на вашето дете да научи да игра кооперативно и да се сложува со луѓето.
- Читајте заедно. Редовното читање со вашето дете од предучилишна возраст создава посебно време за зајакнување на вашиот оснос.
- Секогаш кога е можно, ручајте и вечерајте заедно. Семејните оброци можат да ги зајакнат вашите семејни односи и чувството на припадност на вашето дете.
- Охрабрете го детето да ви помогне околу куќата - на пример, да ја поставуви масата или да и собере алиштата. Ова му покажува на вашето дете дека му верувате дека е одговорно, а задолженијата му помагаат да се чувствува „големо“ и корисно.
Исто така е важно да се грижите за себе. Дури и да поминувате неколку минути дневно за да направите нешто што ви се допаѓа како да шетате или да читате списание, може да направи голема разлика во тоа како се чувствувате за времето што го поминувате со вашето дете. Грижата за себе е добра за вас, па затоа е добра и за вашиот однос со детето и неговиот развој.