Заедничко спиење со вашето бебе

Најбезбедно место за спиење на бебињата е во креветче покрај родителскиот кревет. Заедничко спиење е кога родителите ги носат своите бебиња во кревет со нив, кое може да биде опасно за бебињата. Ако одберете да спиете заедно, постојат работи што можете да ги направите за да го минимизирате ризикот кој произлегува од заедничкото спиење.
Body

Која средина е најбезбедна за бебињата?

Најбезбедно за вашето бебе е да спие во соба со вас,  во креветче покрај вашиот кревет, во првата година од животот или барем во првите шест месеци.

Заедничко спиење со вашето бебе: работи за кои треба да размислите

Заедничко спиење со вашето бебе е кога вие како родители го носите своето бебе во кревет со вас за да спиете заедно..

Заедничкото спиење со вашето бебе е поврзано со зголемен ризик од ненадејна / неочекувана смрт кај новороденчињата, вклучувајќи синдром на ненадејна смрт на новороденчиња, како  и фатални несреќи во тек на спиење при одредени околности. Меѓутоа, родителите избираат да ги земат своите бебиња во кревет со нив од повеќе причини.

На пример, некои родители кои спијат заедно со своите бебиња веруваат дека тоа им помага на нивните бебиња да се чувствуваат побезбедно и посигурно. Тие го сакаат блискиот контакт, сметајќи дека тоа е добро за нивниот однос со бебињата.

Исто така, некои родители заедничкото спиење го сметаат за  попрактично. Доењето  во текот на ноќта може да биде полесно, а некои родители сметаат дека тоа помага при воспоставување на доењето.

Фактори кои го зголемуваат ризикот од несакан исход при заедничко спиење

Заедничкото спиење секогаш го зголемува ризикот од ненадејна / неочекувана смрт кај новороденчињата, вклучувајќи синдром на ненадејна смрт на новороденчиња,  како  и фатални несреќи во тек на спиење при одредени околности. Ризикот е уште поголем ако:

  • сте многу уморни или не се чувствувате добро
  • вие или вашиот партнер користите дрога, алкохол или какви било лекови за смирување што предизвикуваат длабок сон
  • вие или вашиот партнер сте пушач
  • вашето бебе не е добро
  • вашето бебе е старо помалку од три месеци,  е предвремено родено или е родено со помала тежина 

Спиењето со бебе на кауч или стол е секогаш небезбедно. Ставете го бебето во безбедна средина за спиење ако мислите дека може да заспиете на стол или кауч додека го држите.

Намалување на ризикот од ненадејна / неочекувана смрт кај новороденчиња, вклучувајќи синдром на ненадејна смрт на новороденчиња,  како  и фатални несреќи во тек на спиење при одредени околности.

Наша препорака е  вашето бебе да спие во соба со вас,  но во креветче покрај вашиот кревет. Меѓутоа, ако поради некоја причина вашето бебе мора да спие со вас, ова се некои  работи што можете да ги направите за да го намалите ризикот од ненадејна / неочекувана смрт кај новороденчињата.  

  • Заспијте го бебето на грб (никогаш на стомак или на страна).
  • Осигурете се дека душекот е чист и цврст. Не користете корито или нешто меко под него.
  • Перниците и постелнината за возрасни чувајте ги подалеку од вашето бебе. Осигурете се дека вашата постелнина не може да го покрие лицето на бебето. Користите безбедна вреќа за спиење за новороденчето да не ја користи вашата постелнина.
  • Користете лесни ќебиња.
  • Никогаш немојте да го завиткувате вашето бебе ако спиете заедно.
  • Врзете ја долгата коса и отстранете се што може да претставува ризик за давење на вашето бебе, вклучувајќи  накит и гуми за заби.
  • Поместете го креветот подалеку од ѕидот, така што бебето не може да се заглави помеѓу креветот и ѕидот.
  • Осигурете се дека вашето бебе не може да падне од креветот. Најбезбедното место е на голем кревет, подалеку од работ. Доколку има можност вашето бебе да се преврти од креветот за спиење, поставете душек на подот.
  • Ставете го вашето бебе на страна на едниот родител, никогаш во средина на двајца возрасни или покрај други деца или домашни миленици. Вашето бебе може да се замота во нешто или да се прегрее.

 

Проблеми кои може да произлезат од заедничкото спиење?

Родителите понекогаш го носат бебето во својот  кревет затоа што бебето често се буди или е вознемирено ноќе. Во некои семејства, ова  добро функционира, меѓутоа понекогаш на краток рок, водејќи кон подоцнежни проблеми во навиките за спиење на детето. Исто така, понекогаш креветот на родителите не може безбедно да се намести за бебето.

Заедничкото спиење може да биде проблем за еден од партнерите, доколку двајцата не се согласни и немаат  договор за заедничкото спиење.

Заедничкото спиење, може да направи проблем ако родителите сакаат нивното дете да спие во посебен кревет пред самото дете да го посака тоа.  Децата обично сакаат да спијат во свој кревет на возраст од 2-3 години. Меѓутоа, некои деца таа желба ја добиваат подоцна и покрај тоа што на тоа инсистираат нивните родители. 

Ако имате некој од овие проблеми, заедничкото спиење не е добра опција за вас и вашето дете. Постојат и други опции за смирување на вашето бебе.