Редовен здравствен преглед: на 12 - 15 месеци
Вашето дете го освојува просторот околу него: седи само, оди покрај мебелот и почнува да ги прави своите први независни чекори. Тој ги знае имињата на домашните, имињата на некои предмети од околината и веројатно веќе има збор што го изговара со значење. Тоа спонтано бара да споделува интереси и вие сте се подобри во следењето и поддржувањето на неговиот развој.
Подготовки за посета
Покрај вообичаените работи, не заборавајте да понесете:
-
Омилена играчка на вашето дете
-
Шише со вода
-
Прашања што ќе му ги поставите на педијатарот
Содржина на превентивната посета
-
Проценка на развојот.
-
Следење на растот: мерење на должината на телото, телесната тежина и обемот на главата.
-
Вовед и советување: На оваа возраст, има голем број теми за кои би сакале да разговарате со лекар, но развојот е во прв план. Педијатарот ќе ве праша: како детето се движи во просторор; како ги разбира наредбите и како бара нешто што сака; како игра со вас; кои вештини за самопомош ги совлада: дали јаде со рака, дали почна да учи да користи лажица, чаша итн. Исто така, постојат теми поврзани со: премин кон исхрана која ја користи цело семејство, безбедност на детето и заштита од повреди, подготовка за градинка итн. Ако ви беше даден прашалник за проценка на развојот, заеднички ќе ги поминете сите области на развој.
-
Медицински преглед и проценка на развојот: педијатарот ќе изврши редовен клинички преглед на детето по редоследот со кој веќе сте запознати. Тој ќе му понуди некој предмет на детето и ќе го следи неговото однесување, како и однесувањето кон вас.
-
Здрав начин на живот: педијатарот ќе разговара со вас за важноста за спречување на изложеност на детето на чад од тутун, спречување на рано изложување на медиуми, избегнување на ставање на бебето во кревет со шише кое содржи формула или засладен пијалок, безбедно изложување на сончева светлина и како безбедно да го возите вашето бебе во автомобил. Покрај тоа, тој ќе дискутира за предностите и придобивките од учеството на детето во семејни оброци. Исто така се дискутира и за забите и хигиената на усната шуплина.
Вакцинација
-
Педијатарот ќе провери кои вакцини ги примило вашето дете досега.
-
Доколку ги примило сите потребни вакцини во согласност со важечкиот календар за имунизација, лекарот / медицинската сестра ќе проверат: како детето реагирало на веќе дадените вакцини? Дали детето покажало алергија на какви било лекови или храна? Дали детето прима било какви лекови? Дали има дијагностицирана состојба на ослабен имунитет? Дали има некој во семејството кој има ослабен имунитет?
-
Помеѓу 12-18 месечна возраст (во зависност од националниот распоред за имунизација на секоја земја), децата ги прават следниве вакцинации:
- Вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола
- Ревакцинација против бактеријата Streptococcus pneumoniae.
- Четврта доза на комбинираната вакцина против дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа и хемофилус инфлуенца Б
-
Медицинската сестра ќе ги даде потребните вакцини и ќе ви објасни дека во втората недела по вакцинирањето, може да очекувате блага реакција по вакцинацијата во форма на покачена температура, и можеби осип што спонтано ќе се повлече.
Конечно мислење
-
На крајот од посетата, лекарот ќе ви ги даде преостанатите информации во врска со здравјето на вашето дете и препораки за понатамошни активности.
-
Ќе добиете упат за лабораториски тест на крвта
-
Доколку има потреба да се испита од друг специјалист или експерт од центар за развој, ќе ви биде издаден соодветен упат
-
Ќе бидете известени за датумот на следната посета.
Запомнете дека превентивниот здравствен преглед е можност за проверка на растот, развојот и здравјето на вашето дете, но исто така и можност да добиете препораки за понатамошна поддршка за неговиот напредок. Не ја пропуштајте оваа можност!