Растот на детето во втората година од животот постепено се забавува, за потоа да продолжи стабилно да расте до пред пубертетот.
Body
- Детето расте и напредува добро благодарение на: соодветна исхрана, добро здравје, безбедна средина за играње и учење и родители кои ги исполнуваат неговите потреби на соодветен начин.
- Следењето на растот на малото дете вклучува одредување на параметрите на раст; телесна тежина и должина / висина на телото двапати годишно, како и и следење на нивниот напредок со текот на времето и во графиконите за раст.
- Втора година : Во втората година, стапката на раст се забавува и постепено се стабилизира. До крајот на втората година, повеќето од децата добиваат уште 2 до 2,5 кг, растат 12 -12,5 см (во просек 1 см месечно) и достигнуваат скоро половина од нивната конечна висина.
- Во овој период, обемот на главата расте во просек од 2 -2,5 см и достигнува скоро 90% од вкупниот раст.
Нарушување на растот
Растот е сложен процес, подложен на влијание на бројни фактори, од кои некои можат и да ја нарушат утврдената шема на раст, како што се: несоодветна исхрана, хронични болести, лекови, семејни проблеми итн. Затоа, редовното следење на растот на детето е можност навремено да се открие нарушувањето и да се интервенира на соодветен начин.
Родители
Растот на детето во втората година е малку побавен во споредба со растот во претходната година, но сепак е доволно брз за да може лесно да се наруши. Затоа, важно е да се обезбедат услови за добар напредок на детето и редовно да се следи неговиот раст.
|