Оптимална исхрана за деца од 13 до 24 месеци

Во втората година од животот, на детето му треба разновидна храна за здрав раст и развој. Патот од доење до јадење храна која ја јадат возрасните бара  време и вашето бебе нема веднаш да ги прифати сите видови храна што ќе му ги подготвите. Размислете што и колку јаде детето секоја недела, наместо секој ден.
Body

Продолжете со доење на барање  на вашето дете дење и ноќе. Ова ќе го оддржи неговото здравје и сила бидејќи мајчиното млеко продолжува да биде најважниот дел од исхраната. Нема потреба да се дава вештачко млеко или дополнителни формули (специјално млеко за постари деца од 6 месеци), бидејќи мајчиното млеко со разновидна исхрана ги обезбедува сите хранливи материи што му се потребни на вашето дете.

Мајчиното млеко продолжува да сочинува околу една третина (1/3) од енергетските потреби на малото дете од 12 до 24 месеци.

Кога му давате дополнителна храна на вашето бебе, треба да направите 6 важни работи:

Честота: Нахранете го вашето мало дете со дополнителна храна 5 пати на ден

Количина: Зголемете ја количината на три четвртини (¾) до 1 чаша (250 мл). Користете посебна чинија за да бидете сигурни дека детето ја јаде целата дадена храна

Густина : Дајте му ја храната која ја јадат другите во семејството, исечена на мали парчиња

Разновидност: Обидете се да му давате разновидна храна на секој оброк.  

  • Храна од животинско потекло: добро варено мелено говедско месо  со малку маснотии, јагнешко месо, свинско месо, пилешко, мисирка, црн дроб, риба, јајца и млечни производи. Храната со од животинско потекло е многу важна. Започнете со давање храна од животинско потекло што е можно порано и што почесто, зготвена добо и исечкана на мали парчиња
  • Грав, добро варен и рендан (без лушпа)
  • Пире од зеленчук: морков, репа, тиква, карфиол, прокељ, краставица, цвекло, модар патлиџан, домат, тиквички, брокула, зелка, пашканат, може да комбинирате и зеленчук со  житна каша
  • Пире од  овошје: банани, јаболка, круши, праски, сливи,  Важно е да не биде  овошјето единствена храна во текот на денот, додадете и зеленчук
  • Млечни производи како несолена  урда, јогурт
    • мелени (НЕ ЦЕЛИ) ореви
    • Дополнителни хранливи ужинки  (дополнителна храна помеѓу оброците), како парчиња зрело овошје или друго овошје и зеленчук, во сезоната, може да се понудат еднаш или двапати на ден.
    • Користете јодирана сол

Избегнувајте давање на високо обработена храна, како што се пијалоци со шеќер, слатки бисквити / колачиња / колачи, пржена храна или брза храна. Оваа храна е богата со маснотии, сол и / или шеќер и содржи конзерванси кои можат да спречат здрав раст кај вашето дете.

Водата е најздравиот (и најевтиниот) пијалок за дете! Нудете му вода често, секогаш после оброк, не чекајте детето да биде жедно.

Одговорно хранење

Бидете трпеливи и активно охрабрувајте го вашето бебе да јаде. Не го принудувајте да јаде.  Користете посебна чинија за да го нахраните бебето и  да бидете сигурни дека тоа ја јаде целата дадена храна. Охрабрете го детето да јаде „со прсти “, Охрабрете го да јаде самостојно. Детето треба да има свој прибор за јадење.

Хигиена

Добрата хигиена е важна за да се избегне дијареја и други болести. Користете чиста лажица или чаша за да му дадете храна или течност на вашето дете. Храната што ќе му ја дадете чувајте ја на безбедно хигиенско место. Измијте ги рацете со вода и сапун пред да подготвите храна и да го храните детето . Измијте ги рацете и рацете на вашето дете пред јадење. Измијте ги рацете со вода и сапун по користење на тоалет и миење или менување на пелена.