Како да подготвите здрав оброк за дете
Користете што е можно помалку сол. Обидете се да не додавате сол во веќе подготвеното јадење. Готовата и конзервирана храна, како и зимницата, содржат многу сол. Мали количини на сол се потребни во исхраната за да се обезбеди јод, неопходен за функционирање на тироидната жлезда.
Шеќерот/слатките исто така треба да се користат што е можно помалку, бидејќи го зголемуваат ризикот од дебелина и дијабетес, како и ризик од расипување на забите.
Избегнувајте празни калории - храна која содржи премногу јаглехидрати, масти, шеќер и сол и без други вредни состојки (грицки, чипс, бонбони, обланди, наполитанки). Оваа храна е штетна, а исто така скапа.
Готовата храна содржи и вештачки засладувачи, конзерванси, адитиви кои се штетни за човечкото тело, особено за децата во развој.
Преработеното месо, особено она со пониска цена, како што се салама, паштети, виршли, често се произведуваат од месо со низок квалитет од непознато потекло, кое содржи хормони или антибиотици, како и адитиви и конзерванси. Тие нема да ни наштетат после еден оброк, но честото внесување во текот на неколку години е штетно.
Внимателно прочитајте ги етикетите и декларациите за купените намирници: рок на траење, состав, потекло, користени адитиви.