Рутински прегледи во третата година
Вашето дете е де поактивно дома и надвор. Најверојатно сака да си игра игри со преправање и има развиена фантазија. Користи се повеќе зборови и составува реченици од 3-4 зборови.
Подготовка за преглед
-
Проверете дали имате некои резултати кои треба да му ги покажете на педијатарот.
-
Не ја заборавајте омилената играчка или сликовница и понесете со себе шише со вода.
-
Медицински преглед и проценка на развојот: Докторот ќе направи редовен физикален преглед, ќе разговара со него и ќе следи како тоа реагира и се однесува.
Забелешки за превентивниот преглед
-
Проценка на развојот.
-
Ледење на растот: мерење на тежина и висина и обем на глава.
-
Воведно интервју: Докторот ќе провери колку пораснало детето од претходниот преглед. Ќе ве праша за неговата исхрана, физичка активност, спиење, игра, учење и дали оди во градинка. Докторот исто така ќе ве советува за важноста да му читате на детето, заедничката игра, вклучително и играње со деца на негова возраст. Многу е важно да разговарате за можните ризици за здравјто на детето, како на пример носење на кацига кога вози велосипед. Запомнете дека овој преглед е одлична можност да се добијат важни препораки за воведување на неопходните промени.
-
Преглед и проценка на развојот: Докторот ќе го прегледа детето - устата, носот, ушите, ќе ги слушне белите дробови и срцето, ќе го прегледа стомакот и рќбетот на детето. За време на прегледот, можете да разговарате со докторот, да поставувате прашања и објаснување на некои дилеми кои ги имате. Ова е исто така можност да разговарате за развојот на детето.
-
Докторот исто така може да направи преглед на видот и слухот при оваа посета
Вакцинација
-
На оваа возраст не е предвидена вакцинација.
-
Доколку вашето дете нема примено некоја од редовните вакцини во тек на првите две години од животот, и нема здравствени проблеми, ќе ги прими пропуштените дози вакцина/и за време на овој преглед.
Финално мислење
-
На основа на прегледот и информациите кои ќе ги добие од вас, докторот ќе ви ја соопшти финалната проценка за здравствениот статус и развојот на детето.
-
Во случаи кога на детето му се потребни дополнителни испитувања, или поинтензивна поддршка во областа на развојот, ќе бидете упатени кај соодветен специјалист или центар за развојни нарушувања.
-
YДокторот исто така ќе го закаже следниот преглед и може да ви даде брошури или летоци со повеќе информации.
На оваа возраст, растот на детето постепено се забавува, но на детето се уште му е потребно постојано внимание, следење и соодветна поддршка. Искористете ги превентивните прегледи за да му ја дадете соодветната поддршка на детето.