Вештини за само-регулација кај деца
Само-регулацијата вклучува вештини за:
- препознавање и регулирање на чувства на возбуда или фрустрација
- смирување после некој интересен или вознемирувачки настан
- фокусирање на задачи
- пренесување на фокусот на друга задача
- контрола на импулсите и одложување на потребите
- учење и усвојување на однесувања кои се корисни во односите со други луѓе.
Вештините за само-регулација се важни:
- за учење (на пример, фокусирање на наставникот и на задачата),
- за управување на односите со другите (социјализацијата зависи од вештините за вклучување во заеднички игри и активности, на пример - чекање да ти дојде ред, изразување на чувства на прифатлив начин),
- за однесување на начин кој е прифатлив за останатите (контролирање на импулсите или одложување на некои потреби),
- за стекнување независност (донесување на одлуки и менаџирање на однесувањето),
- за успешно справување со стрес и силни негативни чувства.
Само-регулацијата се развива од најрана возраст: бебињата ги цицаат палците за да се смират или ја вртат главата кога имаат потреба да направат пауза кога ви зборуваат, но таа поинтензивно се развива по втората година од животот и подоцна, се до возрасно доба. Затоа, децата до 3 години веќе можат накратко да ја одложат потребата да јадат, но се уште ќе се грабаат за омилената играчка со другарите на игралиште или ќе имаат тантру,и кога се незадоволни или фрустрирани.
Децата на возраст од 3-6 години се се поумешни во играта со врсници - подобро ги балансираат своите желби и идеи со оние на другите деца. Исто така, многу повеќе следат некои правила на однесување, на пр. да зборуваат со шепкање во кино. Истовремено, се уште им е тешко да се фокусираат целосно на некоја задача, или да менаџираат со силни чувства како гнев или љубомора. Кога тргнуваат во училиште, имаат се повеќе вештини за разбирање на погледите на другите и да го кажуваат своето мислење; стануваат се подобри во искажување на несогласување, без да се караат.
Само-регулацијата се развива во топла, стимулативна и околина која поддржува, затоа:
- зборувајте со детето како се чувствува и анализирајте го однесувањето поврзано со тоа чувство (пр. зошто се налути и како се однесуваше, што можеше друго или поинаку да направи)
- кога детето се бори со силни чувства (обично страв или лутина), помогнете му да го именува тоа чувство. Овој разговор е многу поефикасен доколку го водите откако детето че се смири.
- помогнете му на детето да најде добар начин да се смири и понудете му помош кога се бори со силни чувства
- дајте му добар пример на детето, кажете му што правите вие кога сте вознемирени или лути на некого
- користете позитивно внимание и секогаш пофалете го и нагласете го успехот на детето за само-регулација (чекаше во редот, браво. Многу ми се допадна кога ја побара играчката и чекаше другото дете да заврши да си игра со неа…)
- обидете се да ги прилагодите своите очекувања кон вештините на детето. На овој начин, му помагате да научи да ги решава проблемите со кои се соочува
- бидете стрпливи, на малите деца им е многу тешко да ги разберат и да се справат со наплив од емоции.
Кога да бидете загрижени?
За некои однесувања поврзани со само-регулација може да биде потребно да побарате помош од професионалце. Тоа може да биде:
- кога вашето дете има тантруми и тешко се справува со силни чувства многу почесто отколку други деца на таа возраст
- како што расте, се потешко му е да се справува со силни чувства
- кога е преплавено со силни чувства, однесувањето на вашето дете го става во опасни ситуации за мего или другите
- не можете да најдете добра стратегија за да му помогнете на детето да го менаџира своето однесување и реакции
- детето станува повлечено и покажува слаби социјални вештини, споредено со други деца на таа возраст