Однесување на новородено

Однесување на новородено – се се врти околу гушкање, спиење, цицање и многу плачење. Не е можно да „разгалите“ новородено доколку одговарате секогаш кога плаче. Секој момент на внимание кој му го давате, му помага на вашето бебе да расте и да се развива.
Body

Разбирање на однесувањето на вашето новородено

Гушкање, спиење, цицање, плачење. Ова е целото однесување на новороденче во првите неколку месеци.

Иако бебето може за момент да ве погледне во очи, плачењето е најверојатно главното што го забележувате во неговото однесување. Ќе плаче коа е ладно, вознемирено, има мокра пелена или го мачи нешто. 

Бебињата се раѓаат со многу различни темпераменти. Некои се опуштени и грижата за нив е многу лесна, други се интензивни и драматични. Некои постојано мрдаат, а други се потивки. Некои се весели цело време, други постојано плачат.

Новороденче плаче: што да очекувате

Плачењето е главниот начин на комуникација на новороденче да ви каже што му треба. Тоа е звук кој ве става во акција, дури и кога спиете. Ако доите, ви го поттикнува рефлексот за лачење млеко.

Плачот е најинтензивен околу шест неделна возраст. Овој период на интензивно плачење на новороденото ќе помине.

Бебињата плачат и се немирни во просек околу три часа на ден. Некои плачат и подолго. Најчесто ова се случува попладне и навечер, иако најверојатно секој ден ќе биде различен.

Како што детето расте, ќе ви биде полесно да разберете што тоа ви кажува преку плачењето. Плачењето најверојатно ќе се намалува.

Разбирање и одговор на однесувањето на вашето новороденче

Вашето новороденче се обидува да го разбере светот околу себе. Начинот на кој одговарате на неговото однесување, особено кога плаче, му кажува многу за тој свет.

На пример, вашето бебе открива дека ако плаче, некој доаѓа да му го даде тоа што го бара. Може да биде сува пелена, подој или некој да го гушне. Доколку тоа се случи, бебето учи дека светот е навистина убаво место.

Кога одговарате брзо за да го утешите вашето новородено, тоа ќе плаче помалку. Апсолутно е во ред да го земете во раце секогаш кога плаче. Тоа му дава знам дека е безбедно, затоа што сте родител кој се грижи и одовара на неговите потреби и го сака.

Не можете да разгалите новороденче. Ако плаче, тоа е затоа што му треба вашата помош. Ако одговорите смирено и конзистентно, му помага на бебето да научи дека светот е безбедно и предвидливо место.

Плачење кое не може да се смири или грчеви 

Некои бебиња плачат многу повеќе и подолго време. Се чини дека ништо не може да ги утеши. Оваа појава често се нарекува „грчеви“.

Грчевите можат понекогаш да бидат природно однесување на бебето, особено после долг ден и премногу стимулација. Плачењето може да му помогне на бебето да превземе контрола над опкружувањето. Како да сака да ви каже , ‘Стоп! Ќе плачам се додека овој свет не стивне’.

Ако вашето бебе плаче на овој начин, може да ви биде многу тешко да се справите со тоа. Еве неколку идеи кои можат да ви помонат:

  • Намалете и стимулациите за бебето – на пример, обидете се да седите со бебето во тивка, затемнета просторија.
  • Легнете го бебето на страна во креветчето и ритмички нежно тапкајте го по грб. Нежно свртете го на грб ако заспие.
  • Обидете се да „ставите“ замислени тампони за уши. Дозволете си звукот од плачењето да „помине“ преку вас и потсетете се дека се е во ред и вие правите се за да му помогнете на вашето бебе. 
  • Однесете го бебето на прошетка во количка. Понекоаш  движењето може да биде смирувачко. 
  • Пробајте да направите т.н. ‘бел шум’ како фен или аспиратор. Ова може да го смири бебето.

За повеќе идеи, погледнете го илустрираниот, чекор-по-чекор водич за смирување на расплакано бебе.

Кога да побарате помош

Сите деца имаат право да бидат безбедни и заштитени. Но родителството може да биде тешка професија. Побарајте помош доколку чувствувате дека не можете да се справите. Дали имате членови на семејството или пријатели кои можат да ве заменат во грижата за расплакано бебе? Дали има во близина мајки кои можат да ви дадат поддршка?

Справувањето со плачење станува полесно како што вашето новородено учи повеќе за светот околу себе и подобро ви покажува што му треба. Со време, и вие ќе станете експерт во „читање“ на тоа што му е потребно на бебето кое плаче. Никој не го познава повеќе бебето од вас, но доколку се грижите за неговиот плач или се чувствувате дека можете да го повредите, разговарајте со својот матичен лекар или друг експерт за поддршка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  •  
  •  
  •  
  •  
  •