Рани знаци кои укажуваат на аутизам. Што треба да направите ако ги забележите?
Ако детето:
-
не остварува контакт со очите
-
не реагира кога ќе се повика по име
-
не ви возвраќа со насмевка
-
не користи демонстративни движења
-
не користи гест за поздрав
-
не гледа во насоката која му покажувате / на пример, кога му покажувате авион на небото
-
не ви посочува работи од неговиот / нејзиниот интерес
-
не развива говор
-
постојано повторува исти зборови и фрази (ехолалија)
-
играчките ги реди на специфичен начин / на пример во низа
-
заинтересиран е само за дел од играчката / на пример само за тркалата на автомобилот
-
има невообичаени и чести движења на телото - мавта со рацете, се врти, се лула, оди на прсти
-
се вознемирува на мали промени во животната средина
Ако забележите некој од овие симптоми, треба да контактирате доктор / педијатар, кој има можност да ве упати на понатамошно испитување во здравствена установа каде има специјалисти кои се занимаваат со овие развојни проблеми.