Перинатална (период на бременост и по раѓање) депресија кај мажи

И мажите можат да доживеат перинатална депресија. Знаците на депресија вклучуваат физички и емоционални промени, како и промени во размислувањето и однесувањето кои траат повеќе од две недели. Важно е да се побара стручна помош што е можно побрзо. Разговарајте со вашиот матичен лекар.
Body

Бременост: емотивни промени кај мажи и жени

Бременоста е интензивно животно искуство и за жените и за мажите. Можат да сепојават некои силни, длабоки и неочекувани емоции и проблеми. Како маж, за време на бреноста на вашата партнерка, може да има денови коа ќе се чувствувате рамнодушно, слабо или раздразливо. Ваквите промени се нормални. Но емотивни промени кои траат повеќе од две недели ве спречуваат да функционирате нормално во секојдневниот живот може да укажуваат на депресија. Депресијата во тек на бременост се нарекува антенатална депресија. Депресијата по раѓање се нарекува постнатална депресија.

Еден од 10 мажи има искуство со перинатална депресија.

Знаци на перинатална депресија кај мажи

Ако сте почувствувале било која од следниве промени, немојте да се борите против и не ги игнорирајте, туку побарајте помош. Разговарајте со партнерката, семејството и пријателите и со вашиот матичен лекар. Вообичаените физички знаци можат да бидат:

  • Умор
  • недостаток на апетит
  • проблеми со спиење или
  • спиење и будност во необично време
  • губење или добивање на тежина 

Промените во емоциите и расположението исто така можат да бидат знаци на перинатална депресија. На пример, може да чувствувате:

  • тага 
  • кривица или срам 
  • анксиозност и бес
  • изолираност или
  • исклученост од односот со партнерот, пријателите или семејството
  • неможност да уживате во работи кои претходно ви носеле задоволство.

Може да имате и промени во размислувањето:

  • неможност да се концентрирате или
  • проблем со памтење информации
  • имате проблеми со носење на одлуки или
  • вршење на секојдневните обврски
  • преопртовареност
  • немате контрола над ситуацијата
  • да не можете да се носите со мисли за смрт или самоубиство.

Може да се јават промени во однесувањето:

  • не ве интересира секс
  • се повлекувате од семејството или
  • сакате да поминувате подоло време на работа
  • користите дрога или алкохол како начин за решавање на депресијата.

Пренаталната и постпородилната депресија имаат исти симптоми и се лекуваат на ист начин. Различен е само тајмингот - предпородилната депресија се јавува пред раѓање, а постпородилната по раѓање. Со едно име се нарекуваат перинатална депресија.

Пружање подршка за перинатална депресија кај мажи

Доколку мислите дека имате депресија, многу е важно да се побара помош на време. Советувајте се со лекар. Разговарајте со својот партнер/ка, семејството и пријателите за она низ што поминувате и како се чувствувате.

Депресија кај вашиот партнер/ка

Околу 15% жени развиваат депресија по раѓање. Татковците чии партнерки имаат постнатална депресија често сметаат дека жените се повлекуваат од љубов и наклонетост - не само од секс, туку и од пријателството во врската. Ако вашата партнерка се бори, или забележите дека има симптоми на депресија, охрабрете ја да побара помош. За почеток, нека разовара со својот матичен лекар. Вашата поддршка многу ќе влијае и може да помогне во ублажување на симптомите. Прочитајте повеќе за тоа како да се грижите за партнер/ка кој/а има постнатална депресија.