Стрес и управување со стресот: возрасни

Стресот е нормална реакција на промените и предизвиците, како оние кои доаѓаат кога сте родител. Некои стресови може да бидат здрави, но премногу стрес предизвикува други проблеми. Ако стресот е проблем за вас, добро е да знаете некои техники за управување со стрес.
Body

Стрес: што треба да знаете

Стресот е нормален дел од животот, нешто што сите го доживуваат.

Некои стресови можат да бидат корисни, давајќи ви мотивација и фокус да се соочите со предизвиците и да ги завршите работите.

Но, премногу стрес може да биде вознемирувачки, отежнувајќи го справувањето со секојдневните задачи. Ако имате премногу стрес, може да се разболите или да не бидете во можност да се грижите за вашите деца и да уживате во секојдневниот семеен живот.

Што предизвикува стрес?

Промените во вашиот живот, дури и позитивни, можат да бидат стресни, особено ако мислите дека не можете да се справите со нешто. На пример, раѓањето на бебе  го менува животот и предизвикува стрес кај многу луѓе.

Чувството на неизвесност, немање на контрола врз опкружувањето, премногу работа и недоволно време да го направите тоа се исто така големи причини за стрес. Лесно е да се види како новото бебе може да создаде ваков вид на стрес во вашиот живот, или мало дете кое има напад на бес во јавен простор. 

А потоа, тука се и секојдневните проблеми — на пример, спремање на децата рано наутро за на училиште и пристинување на работа на време.

Знаци дека можеби сте под стрес

Ако сте под стрес, вашето тело веројатно ќе ве извести. Во стресен момент, срцевиот ритам може да се зголеми, дишењето може да стане побрзо, а мускулите може да се напнат.

Понекогаш овие краткорочни реакции на стрес всушност можат да ви помогнат да се справите со стресни ситуации. На пример, тие може да ви го золемат нивото на адреналин што ќе ве натера да побрзате и да стигнете до автобусот на време.

Но, ако продолжите да одите со оваа брзина, вашето тело ќе се исцрпи. Може да завршите со главоболки, проблеми со спиењето, дигестивни проблеми или чувство дека едноставно не можете да се справите. Ова очигледно не е добро за вашето здравје и благосостојба.

Затоа е важно да внимавате за знаци на стрес. Можни знаци на стрес:

  • се грижите за апсолутно сè
  • пиете премногу алкохол, пушите или употребувате дрога
  • тешко ви е да бидете толерантни со вашиот партнер или деца
  • имате проблеми со спиењето
  • не се чувствувате добро — можеби имате главоболки или други болки 
  • не сакате да станете од кревет наутро
  • имате мисли како “Никогаш нема да излезам од оваа ситуација”
  • чувствувате дека не управувате со практични секојдневни работи, како семејни рутини и финансии.

Едноставни совети за управување со стресот

Запознајте се што ви создава
Ако знаете што ви предизвикува стрес, може да биде полесно да се справите со него. Можеби ќе можете да избегнете стресни ситуации или барем да се подготвите. Корисна вежба е да запишете што ве тера да се чувствувате под стрес.

На пример, ако вашето дете плаче долго време, тоа може да биде многу стресно за вас. Ако ви е важно да стинете на работа на време, можеби ќе откриете дека стресот ви го предизвикува часовникот кој отчукува, но на вашите деца не им се брза. Ако сакате чиста и уредна куќа, но немате време за тоа, исто така може да биде стресно.

Позитивно размислување и разговор со сам себе
Бескорисното размислување го отежнува справувањето со стресот работи - на пример, во стресна ситуација можеби мислите: “Што не е во ред со мене? Ја губам контролата “или “Јас сум неуспех”.

Но, можете да го промените бескорисното размислување во реално корисно размислување и позитивен разговор со сам/а себе, што се добри начини да се справите со стресот. Тие ги зголемуваат вашите позитивни чувства и со тоа вашата способност да се справите со стресни ситуации.

За да реалното размислување и разговорот со сам/а себе успее, обидете се со следново:

  • Предизвикајте ги бескорисните мисли. На пример, вашето дете плаче во супермаркет. Мислите: “Секој ќе мисли дека сум лош родител”. Но, може да се запрашате: “Како да знам дали луѓето ќе го помислат ова?” , “Дали јас би го помислил/а ова за некој друг?”.
  • Бидете реални. На пример, може да биде премногу да очекувате вашето дете никогаш да не плаче во супермаркет. Но, можеби може да ја промените ситуацијата, така што плачењето е помалку веројатно да се случи. Дали вашето дете ќе плаче помалку ако одите на шопинг во различно време од денот, можеби откако спиело попладне?
  • Развијте позитивни изјави за разговор со сам/а себе. На пример, можете да си кажете: “На пазарењето нема да трае многу долго - можам да го издржам тоа”, “Луѓето си ја гледаат својата работа - не нè гледаат нас”, “На кого му е грижа што мислат другите луѓе?”.
  • Знајте ги вашите граници. Ако се чувствувате раздразливо или тие искуства ве вознемируваат, најдобро е да се обидете да го избегнете изворот на стрес доколку е можно. На пример, пробајте онлајн купување ако одењето во супермаркет шопинг е премногу стресно за вас и вашето дете.

Колку повеќе вежбате позитивен разговор со сам/а себе, толку повеќе тоа автоматски ќе стане дел од вашиот живот. Започнете да вежбате во една ситуација што предизвикува стрес, а потоа преминете кон друга.

Фокусирајте се на она што е суштинско
Стресот често значи дека се обидувате да направите премногу, па затоа обидете се да поставите реални цели за вашиот ден. Можете исто така да избегнувате да преземате повеќе отколку што може да направите.

Изработка на план и некои семејни рутини може да ви помогнат да се чувствувате како повеќе да ги контролирате работите и да го ублажите стресот.

И ако имате некои големи задачи со кои треба да се справите, би можеле да ги разделите на помали парчиња. Може да размислите и да побарате помош од семејството или пријателите.

Останете поврзани со другите
Разговорите со вашиот партнер или пријател можат да ви помогнат полесно да ги соледате проблемите. Ако ви е тешко да зборувате, можете да пробате да користите дневник за да ги запишете вашите мисли и чувства.

Поминување време со пријателите може да биде вистинска помош. Дури и средба за набрзина испиено кафе може да биде доволна, бидејќи споделувањето на грижи може да ви помогне да се чувствувате поддржани и способни да се справите.

Ако имате ограничено време, поврзувањето со други родители преку социјалните медиуми или дури и испраќањето мејл на пријатели може да ви помогне да останете во контакт со истомисленици.

Направете го своето физичко и емоционално здравје приоритет
Избегнувајте стимуланси како цигари и кофеин и депресиви како алкохол ако можете.

Грижете се за вашето физичко здравје со здрава храна, вежбање и доволно време за одмор. Понекогаш брза прошетка надвор или кратка дремка може да го промени вашето расположение.

Ако ви е тешко да спиете, не гледајте телевизија, не проверувајте пораки и не користете социјални медиуми пред спиење. Ако лежите будни ноќе, станете од кревет и прочитајте нешто што не е стимулирачко додека не се почувствувате поспано. Можете исто така да се обидете со медитација за да ви помогне да се опуштите.  Ако стресот или грижата за проблемот ве држи будни, може да биде корисно да ги запишете грижите и да ги погледнете следниот ден.

Ако работите долги часови, размислете дали постојат начини на кои можете да ги намалите или да ја направите работата пофлексибилна.

Може лесно да го заборавите времето за себе. Направете листа на работи во кои уживате, без разлика дали тоа е читање списанија, гледање телевизија, градинарство, шопинг и така натаму. Обидете се да направите едно нешто на листата секој ден, или на секои неколку дена, а особено за време на викенд. Забавувањето со вашиот партнер и семејство, исто така, мора да биде на вашата листа.

Дел од одвојувањето време за себе може да биде и да научите да кажете не. Ако мислите дека е тешко, може да погледнете некој курс за асертивност. Курсевите за асертивност можат да ви помогнат со техники за да поставите граници и да кажете не без да се чувствувате виновни. Пребарувајте онлајн за да најдете локални или онлајн курсеви.

Хуморот прави чуда да го стопи стресот. Гледањето на смешна страна на нештата ќе ве натера да се чувствувате многу подобро.  Насмевката и смеењето е една од најдобрите техники за релаксација, а уживањето во себе навистина може да помогне да се намали нивото на стрес. Обидете се да разговарате со пријател кој ве тера да се смеете или да гледате смешно ТВ шоу. Дали знаевте дека не можете да се чувствувате вознемирени додека се радувате?

Ако стресот продолжи

Ако сеуште чувствувате стрес секој ден, може да биде корисно да разговарате со вашиот матичен лекар. 

Стресот често е резултат на проблеми со управувањето со времето или други проблеми. Идентификацијата на проблемите со професионалец и изнаоѓање на решенија може да биде голема помош.