Користење рутини за управување со однесувањето

Рутините помагаат семејниот живот да тече непречено и можат да помогнат во однесувањето на децата. Може да користите рутини за да им помогнете на децата да имаат редовни активности и да ги планирате стресните моменти од денот. Преку зборување за рутини или вклучување на децата во нивното создавање може да им помогнете да ги разберат и да ги следат истите.
Body

Зошто рутините помагаат во управувањето со однесувањето

Рутините им помагаат на членовите на семејството да знаат кој треба да стори што, кога, по кој редослед и колку често. На пример, вашите деца знаат дека наизменично се менуваат за ставање и вадење на садови од машината за миење садови секој ден. Ова може да значи помалку расправии за овие видови на здодевни активности.

Рутината исто така може да ви помогне да се подготвите за ситуации и активности кога вашето дете често се однесува лошо, како кога купувате, возите или одите на гости. На пример, едноставна рутина за време на возење може да биде слушање музика или играње заедно, пред вашето дете да почне да разгледува сликовници само.

Можете исто така да изградите рутини за мали деца околу времето за игра, јадење и спиење. Кога децата имаат доволно добар и квалитетен сон, здрава исхрана и многу игра, поголема е веројатноста и дека ќе се однесуваат соодветно. 

Рутините им помагаат на малите деца да се чувствуваат безбедни и сигурни. Тие треба да се чувствуваат безбедни и сигурни за да развијат доверба и за да научат, вклучително и кога станува збор за учење за соодветни начини на однесување.

Креирање рутини

Еве неколку совети за да започнете со семејни рутини:

  • Планирајте рутини за интензивните периоди во денот за целото семејство — на пример, пред и после работа и училиште. Ситуацијата е често полесно да се реши кога имате рутина која им дава на сите задача да направат нешто или што ги држи децата зафатени додека ги завршите работите.
  • Додајте неколку прекини во рутината на вашето дете, со што ќе му дадете време на вашето дете за спиење или одмор, што може да помогне во однесувањето. Исто така му дава време да научи да се забавува.
  • Ако сакате да поставите временски ограничувања на некои активности, како што се користењето на телефон или таблет, направете го тоа дел од рутината. На пример, децата можат да гледаат телевизија или да ги користат своите таблети, но само помеѓу 5 и 5.30 часот (или што и да одговара на вашето семејство).
  • Поврзете две или повеќе активности заедно. Ова може да му помогне на вашето дете побрзо да помине низ здодевни активности. Тоа, исто така функционира затоа што правењето на една активност ви помага да запомните да направите друга. На пример, вашето дете може да ги измие забите додека го бањате.
  • Зборувајте за рутини со вашето дете. Дури и мали деца можат да разберат едноставни, конзистентни објаснувања - на пример, “Прво миеме заби. После тато ќе ти чита приказна'. На децата на училишна возраст, разговорите за рутини можат да им помогнат да научат важни работи, на пример како да бидат подготвени навреме.
  • Користете јазик или идеи што вашето дете може да ги разбере за да зборува за вашата рутина. На пример, ако вашето дете е премногу мало за да го разбере времето, обидете се да кажете: “Гледаме само Биби”, наместо “Гледаме само половина час телевизија”.

Како да ги мотивирате децата да ги следат рутините

Значи имате рутина, но како да го натерате вашето дете да ја следи — без постојано потсетување? Еве неколку идеи:

  • Нацртајте ја вашата рутина и ставете го цртежот каде што секој може да го види. Изработка на цртеж со вашето дете може да биде забавно и да ви даде шанса да зборувате за рутината.
  • Вклучете го вашето дете во делови од рутината со кои тоа може само да управува — на пример, миење раце пред јадење.
  • Најдете начини да го потсетите вашето дете да ја следи рутината без ваша помош. На пример, ставете будилник во неговата соба. Музиката може да биде сигнал дека е време да се разбуди, време да почне да се подготвува за училиште или време да излезе од својата соба наутро.
  • Размислете дали делови од рутината можат да бидат одговорност на вашето дете. На тој начин тоа може да научи нови вештини и да му помага на семејството преку домашни задолженија. На пример, дете од предучилишна возраст може да ја постави масата за јадење.
  • Надгледувајте го детето и пофалете го секогаш кога ја следи рутината без ваша помош.

Рутините не значи дека вие и вашето семејство сте крути или нефлексибилни. Промените и пренасочувањето во последната минута се нормален дел од животот.