Пилешки плескавици со сладок компир
Децата сакаат хамбургери за вечера. Нашите пилешки хамбургери содржат многу скриени здрави состојки и се сервираат со печен сладок компир.
Body
Количина за 4 лица (по 1 плескавица за секого)
Време на подготовка: 15 мин
Време на готвење: 15 мин
500 гр мелено пилешко или мисиркино месе
1 чаша конзервиран наут, исцеден, исплакнат и пасиран
2 тиквички, рендани
2 јајца
4 парчиња млад кромид, сецкан
2 големи слатки компири, излупени и исечени на парчиња
½ лажичка црвен пипер
1 лажица маслиново масло
4 мали интегрални бургер лепчиња
4 парчиња кашкавал
4 листови од зелена салата, измиени и исушени
4 парчиња цвекло
2 домати, исечени
- Загрејте ја рерната на 200° C. Обложете сад со хартија за печење.
- Во средно голем сад, измешајте го заедно пилешкото месо, наутот, тиквичките, јајцата и младиот кромид и зачинете со црн пипер. Поделете ја смесата на 4 дела. Ставете го на чинија, покријте и оставете ја во фрижидер 10 минути.
- Во меѓувреме, ставете го слаткиот компир во сад и попрскајте го со масло и црвен пипер. Ставете го во подготвен сад за печење, и печете во загреана рерна 15 минути додека не добие златна боја.
- Загрејте кара или тава на средна висока топлина и печете ги плескавиците по 4 минути од секоја страна.
- За да направите хамбургери, ставете во лепчињата кашкавал, зелена салата, цвекло и домат на едната половина. Ставете ја плескавицата и покријте со другата половина од лепчето. Послужете со печениот сладок компир.
Вишокот бургери можете да ги замрзнете!
Помалите деца можеби ќе сакаат да го тргнат горниот дел од лепчето, така што им е полесно да го јадат.