Време пред екран: бебиња и мали деца
Време пред екран за бебиња и мали деца
Тековните меѓународни упатства препорачуваат децата под две години да не поминуваат воопшто време пред екран, освен видео разговор со семејството.
Многу малите деца најдобро учат од искуствата од реалниот свет, како што се физичката игра, играњето надвор, читањето, креативната игра и дружењето со семејството и пријателите.
Видео-разговорот е во ред затоа што вашето дете комуницира со друго лице. Видео-разговорот може да го поддржи социјалниот и јазичниот развој на вашето дете. Исто така, може да помогне да се создадат врски со семејството и пријателите, особено кога пандемијата ги ограничува личните врски.
Ако вашето бебе или дете сепак е изложено на медиуми како телефонски апликации или ТВ програми (можеби затоа што гледаат постарите деца), важно е строго да го ограничите времето и да користите квалитетна содржина соодветна на возраста.
Бидете пример за здрави навики при користење на уреди со екран
Дури и ако не го изложувате вашето бебе или мало дете на такви уреди, тоа ве гледа како ги користите и почнува да учи од вас.
Дури и кога вашето дете е многу мало, можете да му дадете пример за здрава употреба за во иднина. На пример, можете:
- да го исклучите телефонот за време на вечерата
- исклучете го телевизорот кога ќе завршите со гледање програма
- балансирајте го користењето на екранот со активности како што се игра на отворено, читање и физичка активност
- посветете му на вашето дете целосно внимание и избегнувајте да го проверувате телефонот кога си играте со него или го храните.
Изложеност на екрани
Вашето семејство може да има голем број на уреди како мобилни телефони, телевизори, компјутери и таблети. Ова значи дека вашето бебе или дете може да гледа слики на овие екрани кога другите ги користат.
Добро е да бидете свесни за она што вашето дете може да го види. На пример, некои слики на вести или во видео игри можат да бидат доста насилни и вознемирувачки, дури и за многу мали деца кои можеби не разбираат целосно што гледаат. Заштитете ги малите деца од вакви слики и разгледајте ги нивните ефекти врз постарите деца.