Перинатална (во бременост и по раѓање) депресија кај жени

„Знаците на антенатална или постнатална депресија вклучуваат негативни емоционални промени кои траат подолго од две недели за време на бременост или по раѓање. Доколку мислите дека имате антенатална или постнатална депресија, обратете се кај својот матичен лекар. Поддршката од семејството и пријателите може да ви помогне да управувате со симптомите на депресија“.
Body

Перинатална депресија

Перинаталната депресија има две форми - депресија која се јавува за време на бременост и депресија која се јавува после раѓање. И двете се сериозни, негативни емоционални промени кои траат поддолго од две недели и ве спречуваат да правите работи кои ги сакате да ги правите во секојдневниот живот. 

Имаат исти симптоми и се лечат на ист начин. Единствената разлика е времето кога се појавуваат. Во секој случај, и двете форми на депресија се многу повеќе од емоционални промени кои би можеле да ги очекувате за време на бременост и непосредно по раѓање на детето. На пример, трудниците можат да очекуваат да се чувствуваат прилино емоционално додека проаѓаат низ големите физички и практични промени. Новите мајки можат да очекуваат да доживеат блага депресија неколку дена откако ќе се породат. 

И двете форми на емоционални промени не траат долго. Доколку вие или вашиот партнер чувствувате симптоми на депресија, потребна ви е стручна помош и поддршка од семејството. Многу е важно да ги препознаете симптомите колку што е можно порано. 

Симптоми на перинатална депресија

Перинаталната депресија може да варира од личност до личност. Доколку сте во лошо или раздразливо расположение или сте изгубиле интерес за работи во кои обично уживате, ова треба да се сфати озбилно. Може да забележите и промени во вашите емоции и размислување, однесување и социјален живот, како и општата физичка благосостојба, наведени подолу. Ако било која од наведените промени трае подолго од две недели, многу е важно да се побара стручна поддршка. Исто така е важно да го известите својот матичен лекар дека сте имале некакво ментално заболување во минатото.  

Емотивни промени

Може да ви се случи:

  • да бидете лошо расположени многу време
  • чсто да плачете или
  • да сте тажни
  • да немате самодоверба 
  • да сте лути или
  • преплавени од страв
  • осамени или уплашени да останете сами со бебето.

Промени во мислењето

Ви се јавуваат мисли со следнава содржина:

  • дека се тргнало на лошо
  • дека се е ваша грешка или
  • дека сте безвредни или неуспешни 
  • дека на вашето бебе би му било подобро со некој друг
  • "не можам ова" или "не можам да го поднесам тоа"
  • губие можност за јасно размислување и одлучување
  • ви паѓа концентрација
  • мислите дека бебето не ве сака
  • размислувате да се повредите себе или бебето.

Промени во однесувањето и социјални промени
Може да се случи:

  • да изгубите интерес за работи во кои обично уживате
  • тешко ви е да се поместите
  • секојдневните активности (готвење, пазарење) ви паѓаат тешко
  • се повлекувате од пријателите и членовите на семејсвото
  • не се грижите за домот

Физички промени
Може да се случи да имате:

  • проблеми со спиење - несоница или прекумерно спиење
  • промена на апетитот - не јадете доволно или јадете премногу
  • ниско ниво на енергија.

Мал број на жени ги чувствува првие знаци на депресија во првите недели по породување. Доколку сте загрижени дека вие или вашиот партнер не се однесувате како порано, разговарајте со вашиот матичен лекар што е можно побрзо.

Доколку размилсувате да се повредите себе илои некој друг член од семејството, веднаш побарајте стручна помош.       

Добивање помош при перинатална депресија

Доколку мислите дека имате перинатална депресија, раната стручна помош е многу важна. Добивањето на стручна помош и поддршка ќе ви помогн да управувате со симптомите и набрзо да с чувствувате подобро. 

Некои жени сметаат дека барањето помош ќе значи дека ќе треба да бидат одвоени од своите бебиња. Но, здравствените услуги се тука за да ви помогнат да се опоравите, за да бидете родител каков што му треба на вашето бебе. 

Лечење на перинатална депресија

Постојат многубројни можности за лечење на перинатална депресија. Лекарот ќе разговара со вас за планот на лечење кој одговара на вашите лични околности, години, како видот и тежината на депресијата. Кај најголем број жени, лековите во комбинација со психолошка терапија делуваат многу добро. 

Прием во болница

Не е вообичаено болничко лекување заради перинатална депресија. Ова се случува само ако жената има силни нагони за самоубиство, или помислува да се повреди себе и бебето.  

Практични стратегии за помош 

Ако вие или некој ваш близок има перинатална депресија, ова се неколку стратегии за помош

Емотивна поддршка

Добивањето на емоционална поддршка од партнерот, семејството и пријателите е многу важен начин да се справите со перинаталната депресија. Разговор со некој кој ве разбира како се чувствувате ќе ви помогне да управувате со некои од симптомите. Други извори на поддршка можат да бидат групи на родители или тераписки групи, каде можете да запознаете луѓе со кои ќе ги споделите своите искуства. 

Помош во домот

Вашиот партнер, семејство и блиски пријатели можат да ви бидат поддршка во домот. Добро е да замолите некого на кому му верувате да доаѓа редовно и да ви помага со домашните работи и грижа за бебето. Помошта во домо ви дава прилика да се одморите, заспиете или да правите нешто што ве релаксира. Исто така е добар начин на дружење, што е многу важно за вашето опоравување. Нема потреба да се чувствувате криви за барање на овој вид на помош. Многу луѓе сакаат да помогнат и ќе им биде драго да направата нешто конкретно за вас. 

Грижа за себе

Вашето емоционално и физичко здравје се меѓусебно поврзани.

И во двата случаи можете:

  • да вежбате редовно
  • да најдете добар начин да го осмислите денот
  • добро да јадете - земете некоја едноставна храна при рака, како овошје, јогут или свеж зеленчук спремен за јадење
  • за да можете што подобро да управувате со стресот, пробајте да се одморите - спијте додека бебето спие, легнувајте рано и спијте секогаш кога можете 

И мажите страдаат од перинатална депресија. 1 од 10 мажи доживува дпресија за време на бременост или откако ќе се роди бебето.