Тортиљи со телешко месо

Овој семеен оброк во мексикански стил е спремен за јадење!
Body

Јадење за 4 лица (2 возрасни и 2 деца)
Време на подготовка на намирници: 10 мин
Време на готвење: 10 мин

1 лажица маслиново масло 
350 гр телешки стек, исчукан (за да се одржи месото меко)
1 црвен кромид, преполовен и крупно исечен
1 црвена пиперка, преполовена, со отстранети семки и исечена на ленти
2 лажици скара сос 
1 авокадо, преполовено, со отстранета семка и исечено на парчиња

Друг зеленчук кој вашите деца го јадат
335 гр пакување тортиља од интегрално брашно или цели зрна

  1. Загрејте голема тава на висока температура. Додадете половина од маслото, и пропржете го месото. Извадете го месото од тава. Додадете го преостанатото масло и кромид во тавата и промешајте 2 минути. Додадете пиперка и промешајте уште 2 минути. Додајте скара сос и промешајте. Вратете го месото во тава и зачинете го ако е потребно.
  2. Загрејте ги тортиљите според упатствата на пакувањето.
  3. За да ги свиткате тортиљите, ставете лажичка од мешавината од месо и зеленчук вертикално надолу по центарот на тортиљата и одозгора ставете парчиња авокадо. Свиткајте го долниот дел од тортиљата нагоре, а потоа преклопете ги двете страни за да се преклопуваат во центарот и фикцирајте ги со чачкалица.

Совет: за вегетаријанска алтернатива, користете тофу или 420 гр конзерва од на пример црвен грав наместо говедско месо. Ако вие и вашите деца сакате топли и зачинети вкусови, послужете зелени чили пиперки од страна.

Вашите деца можеби ќе сакаат да се обидат да ги свиткаат сопствените тортиљи, па чувајте неколку екстра настрана за да се обидат.