Крцкави пилешки прсти

Овие вкусни пилешки прсти се печени, а не пржени. Ова значи дека тие имаат помала количина на масти.
Body

Порции: 2
Време на подготовка: 15 мин
Време на готвење: 20 мин

2 парчиња пилешки гради, се сечат на ленти
¼ чаша обично брашно
1 јајце, лесно изматено
1½ чаши корнфлекс, лесно скршени
2 компири, излупени и исечени на парчиња
1 белка од јајце, лесно изматена
2 пченки, преполовени
1 чаша грашок
1 чаша брокула
Сос од домати за послужување

  1. Загрејте ја рерната на 220° C. Ставете во садот хартија за печење. Извалкајте ги пилешките ленти во брашно и отстранете го вишокот. Во средно длабока чинија, измешајте го јајцето со пилешкото додека не се обложат. Извалкајте ги во корнфлексот се додека пилешкото не е целосно обложено. Ставете го на садот за печење, покријте и оставете го да стои во ладилникот 10 минути.
  2. Ставете исечен компир во средно длабока чинија и зачинете го. Посипете го со белка од јајце, да бидат обложени. Ставете го во садот за печење. Гответе 10 минути, а потоа намалете ја топлината на 190° C. Ставете ги пилешките прсти во рерна и печете заедно со компирите 10-12 минути за да станат златни и крцкави.
  3. Сварете, обарете на пареа или во микробранова печка брокула, грашок и кочан пченка. Послужете со крцкавите пилешки прсти и компири.

Совет: можете да направите и крцкави рибни прсти, заменете го пилешкото за 250 гр цврста бела риба исечена на ленти. Рибните прсти може да се печат во рерна (ниско-масна верзија) или лесно да се испржат во тава.

Ставете го корнфлексот во пластична кеса - вашите деца ќе се забавуваат додека го дробат!